Почитувани,
Во врска со претходно објавени новинарски натписи во еден медиум во кој што на еден груб, непрофесионален и крајно тенденциозен начин беа пренесени одредени информации со цел нанесување на штета на угледот и репутацијата на брендот ИЛИРИКА ја информираме јавноста за следното:
ИЛИРИКА Д.Д Љубљана и ИЛИРИКА ДЗУ останува сопственик на друштвата ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје и ИЛИРИКА ФУНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје следствено.
- ИЛИРИКА Д.Д во 2015 година како водечка финансиска небанкарска институција работеше на 90 % од пазарот на спојувања и аквизиции во вкупна вредност од повеќе од 300 милиони евра во Словенија меѓу кои и на : Превземањето на Heineken – Pivovarna Lasko, Podravka – Zito Slovenia ...., и на овој пазар и регионално ќе делува со уште поголем фокус во наредниот период.
- ИЛИРИКА Македонија во 2015 година имаше рекордни деловни резултати и успеси меѓу кои ги издвојуваме следните: ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТ АД Скопје петта година по ред е најдобро рангирана брокерска куќа со пазарен удел од преку 30% во конкуренција на сите банки и брокерски куќи. ИЛИРИКА ФУНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје трета година по ред остварува позитивни финансиски резултати и континуиран раст на средствата под управување, а годината 2015 фондот ИЛИРИКА Г.Р.П. ја заврши како најдобар фонд по принос од сите фондови во Македонија.