Креирајте сметка за тргување

Посетете ја нашата канцеларија и договорете сѐ што ви е потребно за да започнете со тргување.

Бидете во тек со
случувањата на светските берзи

Пријавете се за добивање на електронски весник и дознајте кои се најинтересните информации од светот на финансиите.

ИЛИРИКА претставува една од најистакнатите и најактивните брокерски куќи – компанија со долга традиција на македонскот пазар на капитал. Оваа компанија ви обезбедува можност за приходи и тоа со посредување при купување и продажба на акции и обврзници на Македонската берза и на берзите од регионот.

Ве поврзуваме со можностите за инвестиции во светот.

Ви нудиме и пристап до повеќе од 50 берзи на меѓународниот пазар.

Ние сме брокерска куќа која е на ваша страна.

Тимот на Илирика е стручен да ја мониторира активноста на компаниите, да ги следи пазарот и пазарните состојби, како и да ви обезбеди поддршка при донесување на вашите одлуки, доколку има потреба од тоа

  • Неделен пазарен коментатор

    Неделен преглед на финансискиот пазар.

  • Најдобра зделка

    Сугестии за правилна инвестиција во форма на презентација за финаниските средства.

  • Коментари и анализи

    Обезбедуваме професионално толкување и персонализирано советување од страна на нашите брокери.

Пријавете се за добивање на ИЛИРИКА електронскиот весник.

Станете инвеститор

Инвестирањето во пазарите на капитал обезбедува нови можности за развиток. Во време кога каматните стапки на банкарските депозити продолжуваат да бележат надолна линија со што вашите затворени средства ја одржуваат само својата постоечка вредност, финансовиот пазар нуди ликвидни инвестициони можности - и тоа со редовен приход од дивиденда. ИЛИРИКА ви обезбедува широк спектар на можности за инвестиции и тоа во конкурентни услови.

  • Акции

  • Обврзници

  • ЕТФ Фондови

  • Комерцијални записи

Станете инвеститор, започнете со тргување.

Посетете нѐ лично во седиштето на ИЛИРИКА Инвестментс А.Д. на бул.Св.Климент Охридски 45, кат 1, локал 8 во Скопје. Ние ќе ве водиме низ целата постапка за склучување договор и за отворање сметка.


Потребни ви се следниве документи:

Физички лица:

  • Лична карта / пасош;
  • Извод од сметка од Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ);
  • Трансакциска сметка од која било банка.

Домашни правни лица:

  • Фотокопија од тековна состојба од Централниот регистар на Македонија;
  • Фотокопија од лична карта/пасош на овластениот потписник на правното лице;
  • Фотокопија од потписен картон ЗП образец;
  • Жиро сметка;
  • Извод од сметка од ЦДХВ.

Комуникација по ваш избор

За нас, вие претставувате многу повеќе од само клиент. Комплетно ги почитуваме вашите желби и очекувања и се стремиме кон меѓусебно задоволство и тоа на долгорочно ниво. Затоа, вие селектирајте го начинот кој вам најмногу ви одговара и поднесете ја нарачката за купување или продажба на вашите финансиски средства.

Довербата кон нашата компанија е резултат на над 25.годишно искуство. Затоа, зачекорете кон иднината заедно со нас.

Прашања и одговори

Во случај на различни форми на поврзување и спојување на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност со други странски берзи, ограничувачките одредби на член 14 ставови 3, 4, 5, 6 и 7 од Законот за девизно работење нема да се однесуваат за вложувањата на резидентите во хартии од вредност на тие берзи. По истекот на втората етапа од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија, одредбата на член 23 став 2 од овој закон ќе престане да важи. Од 29.03.2016 година беше официјално презентирана платформата  SEE LINK за тргување помеѓу   Македонската,  Загребска  и  Бугарската берза, со што се даде можност македонските резиденти да тргуваат и на овие две берзи и на други берзи кои во иднина ќе се приклучат на оваа платформа.

 Преку склучување на договор со овластена брокерска куќа во Македонија, која има дозвола за да пренасочува налози на странски берзи преку платформата на SEE LINK.

Да, новата web апликација нуди пристап и следење на движењето на цените на Македонската берза во реално време и креирање на налози за купување и продажба на акции и обврзници.

 

Со тоа секој клиент може на многу поедноставен начин и без физичко присуство  да даде налог во било кое време како и да го следи движењето на цените.

 

Сето тоа е овозможено за клиентите на брокерската куќа кои со склучување на Договор ќе добијат пристап за користење на ваквата услуга.

Со купување на акции и обврзници преку овластените членки на Македонска Берза, а тоа се Брокерските куќи вие се стекнувате со тие акции или обврзници кои се евидентираат електронски во Централниот депозитар за хартии од вредност. Комисијата за хартии од вредност како регулаторно тело врши надзор над работењето на предходно наведените субјекти и ги заштитува акционерските права.

Со предходна консултација на инвестициски советник или со информации добиени од вашиот брокер, како и следење на финансиските извештаи и коефициенти кои се основа за купување на акции на компаниите во кои вложувате,  ризиците може да се сведат на минимум.

Контактирајте нѐ заедно да пронајдеме соодветен патоказ кон инвестирање кое ќе доведе до стабилен пораст на вашите финансови средства.

Повикајте нѐ на телефонскиот број +389 2 329 68 53