Што

Непроменливо означување на правните лица во меѓународниот систем за идентификување.

Кој

За правни лица кои делуваат во тргување со финансови средства на територијата на Словенија и Европа.

На кој начин

Преку брзо и едноставно стекнување на кодот LEI во ИЛИРИКА д.д.

Согласно европската директива MiFID II, правните лица кои делуваат во финансови вложувања како и во трансакции при тргување во некој од организираните пазари во Словенија или во странство, треба да се стекнат со LEI код (код за идентификација на правни лица).

Што претставува LEI код и што сѐ е потребно да знаете за кодот?

LEI код (код за идентификација на правни лица) всушност претставува непроменлив глобален идентификатор на правни лица, фондови, како и на трговци поединци. Целта на овој идентификатор е да овозможи податоци кои се достапни на едно место, за регулаторните органи и агенции во земјите-членки на ЕУ. LEI кодот е код од 20 карактери, за кој правното лице е обврзано да го стекне до крајот на тековната година и тоа доколку тргува со хартии од вредност на територијата на Словенија, како и во странство. Согласно ISO 17442 стандардот, корисникот е потребно да го стекне кодот - независно од пазарот / земјите во кои тој тргува и без оглед на видот на хартиите со кои тој тргува.

Дали постои брз и едноставен начин за стекнување на LEI кодот?

Во ИЛИРИКА ние самите го организираме процесот на стекнување на LEI код. Она што е потребно да го направи корисникот е да не информира преку емаил за желбата да се отпочне процесот за негово стекнување. ИЛИРИКА д.д. ќе се погрижи за сѐ останато.

 

LEI@ILIRIKA.SI

Прашања и одговори

Кодот на LEI има времетраење од точно една година од датумот на неговото стекнување, по што истиот треба да се обнови.

Правното лице потребно е да достави назив на компанија, даночен број на компанијата како и регистарскиот број. 

По доставата на комплетната документација поднесена од страна на правното лице, и тоа по електронски пат - издавањето на LEI код се добива во период од еден работен ден. 

Контактирајте нѐ заедно да пронајдеме соодветен патоказ кон инвестирање кое ќе доведе до стабилен пораст на вашите финансови средства.

Повикајте нѐ на телефонскиот број +386 1 300 22 56